Чичкото на Рафаел Надал, Тони, кој до пред две години беше и негов тренер, рекол дека неговиот внук само во соблекувалната плачел поради загубен меч.
„Тоа се случи во 2007 година по финалето во Вимблдон и поразот од Роџер Федерер“, рекол Тони Надал.
Сепак овој пораз, според Тони Надал, не спаѓал во категоријата најтешки во кариерата на Рафа.
„Двата најтешки порази, од Ѓоковиќ во 2012 година на Австралија опен и од Робин Содерлинг во 2009 година на Ролан Гарос. Не знам какво е мислењето на Рафа за ова“.
Човекот кој е најзаслужен што Рафа Надал стана еден од најдобрите во историјата на тенисот со комплименти говорел за Данил Медведев кого Рафа го победи во финалето на Ју-Ес опен.
„Тој меч го покажа неговиот натпреварувачки карактер. Имаше минус од два сета и беше во минус во третиот сет, но успеа да се врати. Тоа ја демонстрира неговата голема желба за победа. Од помладите тој има најголеми шанси да освои гренд-слем титула“, заклучил Тони Надал.