Челниците на Ролан Гарос се критикувани од сите страни поради одлуката да турнирот наместо во мај да го поместат за септември. Причината е јасна ширењето на коронавирусот поради што е прогласена пандемија.
Тенисерите, тенисерките, тренерите се незадоволни што Ролан Гарос ќе започне една недела по завршувањето на машкото финале на Ју-Ес опен, а го критикуваат организаторот бидејќи одлуката не била донесена во консултација со АТП и ВТА.
Првиот човек на Француската тениска федерација Бернар Гидисели ги демантирал овие наводи и рекол дека Надал знаел дека турнирот ќе биде одложен.
„Директорот на турнирот Ги Форже му се јави на Надал. Беше свесен за оваа одлука“, рекол Гидисели.
Потоа појаснил зошто е сменет датумот на одржувањето на турнирот.
„Тоа е тешка и одговорна одлука. Свесни сме што е најважно, посветени сме турнирот да се одржи. Не ги разбирам реакциите на некои играи“, рекол тој.