Top Sport

Најбизарниот ММА фајтер – загуби, се пензионираше, час подоцна се врати, па доби брутален нокаут (видео)

ПФЛ 7 во Лас Вегас донесе еден од најбизарните настани во ММА борењето, откако Крис Кертис прво се пензионираше по пораз, потоа повторно стави ракавици, за да добие брутален нокаут во вториот меч од вечерта.

Системот на натпреварување во ПЛФ, односно плеј-оф системот значи дека во различни дивизии на федерацијата се стигна до четврт-финале и полуфинале во Лас Вегас за да добијат шанса да се борат за наградата од 1 милион долари.

Крис „Екшн мен“ Кертис во четврт-финалето во велтер категорија, беше поразен од минатогодишниот шампион Магомед Магомедкеримов по две рунди на поени, по што 32-годишниот Американец ги остави ракавиците во кафезот и на социјалните мрежи објави дека се повлекува.

Меѓутоа, бизарно, Магомедкеримов се разболе пред полуфиналниот меч против Реј Купер и се повлече од мечот, по што Кертис реши еден час по пензионирањето да се врати во кафезот. Ова не заврши најдобро, тој доби брутален нокаут во втората рунда.

Откако се созеде, Кертис потврди дека се повлекува од спортот со 21 победа и 8 порази во кариерата.

Scroll to Top