Top Sport

Самп го потврди Раниери, дебитира против својот стар тим Рома

Сампдорија официјално го именуваше Клаудио Раниери како нов тренер, и тој ќе ја има честа да дебитира за клубот од Џенова против својот матичен клуб Рома и тоа на својот 68. роденден.

„Претседателот Масимо Фереро и Сампдорија му посакуваат добредојде на Клаудио Раниери, кој има договор до 30 јуни 2021 година. Претседателот му посака на тренерот и на тимот добра среќа со работа основана на посветеност и страст“, се вели во соопштението на Сампдорија.

Интересно, ова е вторпат Раниери на место во клуб во Серија А да доаѓа на место на Еузебио ди Франческо, кој во март беше отпуштен од Рома, па Раниери остана во клубот до крајот на сезоната. Сампдорија имаше шест порази во првите седум кола во Серија А, по што Џенаро Гатузо и Стефано Пиоли ја одбија работата.

Ова е 17. клуб во кариерата на Раниери, покрај кратките периоди како селектор на Грција во четири меча во 2014 година. Тој претходно работеше во Вигор Ламеција, Путеолана, Каљари, Наполи, Фиорентина, Валенсија (двапати), Атлетико Мадрид, Челси, Парма, Јувентус, Рома (двапати), Интер, Монако, Лестер, Нант  и Фулам.

Scroll to Top