Top Sport

Најбогатиот тенисер во историјата има седум пати повеќе пари од Ѓоковиќ

Тенисот е спорт кој носи огромна заработувачка за врвните тенисери, и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер можат да се пофалат со лагоден живот за себе и своите семејства обезбеден со удирање на жолтото топче.

Најбогат тенисер во историјата сепак, не е некој од тројката која има освоено по 20 гренд слем титули. Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на денешницата има 86 АТП титули, но неговото богатство се проценува на 200 милиони долари, но тоа паѓа во сенка на заработените 1.8 милијарди долари на Романецот Јон Циријак.

82-годишниот Циријак во кариерата не помина четврт-финале на гренд слем во сингл, имаше само една титула во кариерата и освои околу 250.000 долари додека беше тенисер, но неговите успешни бизнис зделки го направија милијардер.

Како и повеќе поранешни тенисери, Циријак прво почна да биде тениски тренер, работејќи со својот романски сонародник Илие Настасе, но и со Борис Бекер, а исто така одамна е сопственик на Мастерсот во Мадрид. Но, неговите пари беа направени надвор од спортот.

Користејќи го падот на комунизмот во Романија, Циријак ја формираше првата приватна банка во земјата, а потоа преку неговата „Тиријак Холдинг“ компанија тој инвестираше во осигурување, авио-биниси, за во 2007 да стане првиот милијардер од Романија.

Scroll to Top