Читателите на „Марка“ го избрале легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс за најдобар спортист во 21 век. Изненадувачки е што во анкетата во Топ 10 го нема најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ.
Според оние што учествувале во анкетата зад Фелпс е најбрзиот човек во историјата Јусеин Болт, а трет рекордерот според освоени Гренд-слем трофеи, Роџер Федерер.
Миленикот на Шпанија, Рафаел Надал во анкетата е на четвртото место, а потоа следуваат Коби Брајант, Тајгер Вудс, Лионе Меси, Луис Хамилтон, Валентино Роси и Кристијано Роналдо.
Најдобриот тенисер на АТП листата, освојувач на 17 Гренд слем трофеи, Новак Ѓоковиќ е на 11 место. Зад српскиот тенисер се Марк Маркез и Михаел Шумахер.
Меѓу најдобрите 100 во оваа анкета најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ е на 91 место, а Лука Дончиќ, кошаркарот на Далас Маверикс е на 100 позиција.