Легендарниот НФЛ квотербек, 41-годишниот Дру Брис стана најголемиот добротвор во борбата со коронавирусот кој зема се поголеми размери во светски рамки.
Брис, кој од 2006 година игра за Њу Орлеанс Сејтс уплати неверојатни 5 милиони доалри на сојузната држава Луизијана.
„Сега приоритет е помош на заедницата да се избори со тешката ситуација. По истражувањето и извршениот разговор со бројни организации, со нашите партнери ќе подготвиме по 10.000 оброци дневно за децата ширум Луизијаа, за постарите граѓани и на сите на кои им е потребно“ – напиша Брис.
Квотербекот во 2009 година го освои Супербол и беше прогласен за МВП.