Марк Ален вели дека го имал најтешкиот снукер-меч во кариерата, откако со 3:2 ја совлада својата поранешна девојка Рене Еванс на Британскиот опен.
35-годишниот Ален и 35-годишната Еванс беа двојка и имаат ќерка заедно во 2006 година, но се разделија две години подоцна, по што Еванс го тужеше Ален за поголема алиментација за нивната ќерка.
Еванс, која е 12-кранта светска шампионка во женска конкуренција го искористи новото право да игра и на машките турнири, но ждрепката сакаше да се сретне со Ален уште во првото коло, и кога двајцата излегоа пред масата, таа го одби поздравот со поранешното момче.
„На почетокот ми кажаа дека нема ракувања поради КОВИД, така што не размислував за тоа. Никој не сакаше ваков дуел, но ова е спортот и мора да се прифати“, изјави Еванс.
Ален вели дека не сака да му се повтори дуелот со бившата.
„Беше ужасно, нешто што навистина не сакам да го повторам. Сакав да останам професионалец до крај. Рене играше многу добро во два и пол фрејма. Не би сакал да одговорам за одбивањето на ракувањето“, изјави Ален.
Scenes at the #britishopensnooker as Reanne Evans refuses a pre-match fist bump from her former partner Mark Allen… Ouch?
— BettingTips4you – The House Of Betting Tips (@BTips4you) August 17, 2021