Русинката Анастасија Бризгалова, освојувачка на бронзен медал од Олимпијадата во Пјонгчанг во карлинг, се пофали со својата нова фото-сесија во која ја презема улогата на Лара Крофт од популарната видео-игра „Томб Рајдер“, која подоцна беше овековечена и во филмскиот серијал со Анџелина Џоли.
26-годишната Русинка со црна маичка, чизми и футрола за пиштол изгледаше совршено за оваа улога.
„Неодамна бев дел од интересен проект од Рускиот олимписки комитет наречен ’Слики’. Решив да ја преземам Лара Крофт. Како ви се допаѓа?“, ги прашува Бризгалова своите фанови на Инстаграм.
Бризгалова освои бронза на Олимпијадата во Јужна Кореја минатата година со својот сопруг Александер Крушелницки, но стана вистинска ѕвезда во Пјонгчанг поради својот добар изглед. Тие подоцна го загубија медалот откако Крушелницки беше позитивен на допинг тест.
Одеднаш сите сакаат карлинг! Запознајте ја Анастасија Бризгалова (галерија)