Првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен, заврши во неделата во Мелбурн Трофеите ги освоија Новак Ѓоковиќ во машка и Софија Кенин во женска конкуренција.
Ѓоковиќ во финалето го победи Доминик Тим со 3:2 и ја освои својата осма титула во Мелбурн.
Кенин славеше над Гарбиње Мугуруса со 2:1 во сетови и ја освои својата прва титула на грен-слем турнирите.
Организаторите на турнирот направија видео-компилација од нај лудите поени во текот на турнирот.