Флојд Мејведер Јуниор наводно ја заврши својата кариера со 50 победи и без ниту еден пораз, промовирајќи се во една од легендите на боксот, но и речиси девет години подоцна, уште останува негов најнизок момент контроверзната победа над Виктор Ортиз во 2011 година.
Мејведер го нокаутираше Ортиз во четвртата рунда од мечот за да ја освои ВБЦ титулата во велтер категорија, но начинот на кој го направи тоа не беше ниту малку спортски. Ортиз немаше многу удари во четвртата рунда кога го „закачи“ двапати Мејведер, пред намерно да го удри со главата.
Судијата Џо Кортез ги раздвои боксерите и побара тајмаут пред да му одземе поен на Ортиз. По ова, Ортиз го гушна Мејведер, кој возврати, пред да го „зачука“ со два удари и да го прати на подот. По мечот, Мејведер ја бранеше контроверзната одлука.
„Во рингот мораш да се штитиш секогаш. Откако ги допревме ракавиците, мечот продолжи и тоа е тоа“, изјави Мејведер по мечот.
Дали беше фер? Секако, не. Спортски? Никако. Но, на крајот наивноста на противникот беше искористена.