Top Sport

Најзе донесе прво германско злато во скелетон

Германката Хана Најзе е нова шампионка во „лудата“ санкачка дисциплина скелетон, во која санкачите се спуштаат со брзини од над 100 км/ч со главата напред, освојувајќи го првото злато за Германија во скелетон по доминацијата во другите дисциплини.

Најзе по четири возења беше за 0.62 секунди побрза од Австралијката Џеслин Наракот, додека бронзата отиде кај Холанѓаката Кимберли Бос. Ова е огромно изненадување од Најзе, која претходно немаше победа во Светскиот куп во спортот, а успеа да се квалификува на Олимпијадата во последната трка од СК со пласман на осмото место.

Scroll to Top