Пејџ Спиранак, голферката која стана Интернет-сензација, открива дека добила закани по својот живот при настапот на Мастерсот во Дубаи поради нејзиното деколте.
24-годишната Американка не е меѓу топ 1.000 голферки на светот, но затоа има 1.2 милиони следбеници на Инстаграм и пред две години беше поканета со валјд-карта на турнирот во Дубаи, предизвикувајќи бура негодувања кај голферските фанови.
Обвинувањата беа дека Спиранак е поканета само поради нејзиниот изглед, но сега голферката вели дека личните закани биле многу пострашни.
„Навистина ми беше тешко двапати кога бев во Дубаи. Имаше многу медиуми, бев под голем стрес и искуството не беше пријатно. Луѓето ми велеа дека сум тука поради мојата облека. Бев малтретирана јас и моето семејство.Добивав закани по живот, уцени преку Интернет“, открива Спиранак.