Top Sport

Налбандијан ја среди „големата тројка“ на ист турнир, а нема освоен грен слем

Роџер Федерер, Рафеал Надал и Новак Ѓоковиќ до крајот на нивните кариери ќе се борат да стигнат до титула повеќе и да станат најдобри во историјата на тенисот.

Швајцарецот во моментов има 20, Шпанецот 19, а Србинот 17 титули на грен слем турнирите.

Сепак, деновиве се ажурираше информацијата за еден „пензиониран“ тенисер – Аргентинецот Давид Налбандијан.

Тој е единствениот тенисер кој на ист турнир ги победи тројцата најдобри тенисери според бројот на освоени титули.

Тоа се случи во Мадрид во 2007 година. Во четвртфиналето падна Надал, во полуфиналето Ѓоковиќ, а во финалниот меч „настрада“ и Федерер.

Со оглед на талентот, вистинско чудо е како не успеа во кариерата да освои ниту еден грен слем трофеј.

Играше полуфиналиња на Австралија Опен, на Ролан Гарос, на УС-Опен, а најблиску до целта беше во 2002 година, кога играше финале на Вимблдон. Тогаш подобар од него во три сета беше Австралиецот Лејтон Хјуит.
https://youtube.com/watch?v=RgRVDk_olQE

Scroll to Top