Top Sport

Не постои „план Б“ за Олимписките игри

Организаторите на Олимписките игри во Токио денес објавија дека немаат „план Б“ доколку најголемиот спортски настан поради корнавирусот биде одложен уште еднаш.

ОИ во Токио требаа да се одржат од 24 јули до 9 август меѓутоа поради коронавирусот Интернационалниот олимписки комитет ги одложи за наредната година и според планот треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

„Одиме кон новата цел „план Б“ немане“, рекол портпаролот на организациониот одбор Маса Такаја.

Сериозноста на целата ситуација и бројот на смртните случаи логично го наметнуваат прашњето дали воопшто ќе биде можно Игрите да се одржат за 15 месеци.

„Организаторот дава се од себе Игрите да бидат одржани во 2021 година“, рекол Такаја.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе викендов изјави дека неговата земја нема да биде во можнoст да ја организира Олимпијадата доколку таа биде одложена уште еднаш.

На Ои се очекува учество на 11.000 спортисти. За организацијата Јапонија потрошила 12,6 милијарди долари.

Scroll to Top