Најуспешната скијачка од Лихтенштајн, Тина Вајратер објави дека се повлекува од спортот преку социјалните мрежи откако поради корона вирусот не успеа да организира прес-конференција.
30-годишната Вајратер дебитираше на Светскиот куп во 2005 на 16 години и во кариерата оствари 9 победи и 41 подиуми, а на Олимпијадата во Пјонгчанг во 2018 година освои бронзен медал во супер-џи трката.
Таа не успеа да освои титула од Светскиот куп со четврто место во 2016 како најдобар резултат, но го освојуваше малиот кристален глобус во супер-џи во 2017 и 2018 година. Нејзината последна победа беше супер-џи триумфот на домашен снег во Кран Монтана на крајот на сезоната 2017/18.