Top Sport

Неизнудена грешка на Надал во Монте Карло–ќе настрадаше телефонот

Најтрофејниот тенисер на земјена подлога Рафаел Надал имаше гаф при интервју за АТП каналот.

Надал дури 11 пати го освојувал Мастерсот во Монте Карло, погодил безброј многу тениски топчиња, но не му оди премногу кога станува збор за мобилните телефони.

Новинарката му го подаде мобилниот телефон за да му покаже нешто на него, но Шпанецот беше невнимателен и телефонот се најде на плочникот што беше повод за бројни реакции на социјалните мрежи.

Погледнете како изгледаше целата ситуација:

Scroll to Top