Top Sport

Се јави и синот на Солскјер: Секогаш добивам вечера, му се изнасмеав на Мурињо

Ноа Солскјер, синот на менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека се смеел на бизарната расправија на неговиот татко со менаџерот на Жозе Мурињо, објаснувајќи дека никогаш не останал гладен.

Расправијата започна по 3:1 победата на Јунајтед кај Тотенхем во неделата, меч кој беше одбележан со поништениот гол на Единсон Кавани, откако Сон Хеунг-Мин изнуди фаул од Скот Мектоминеј, а судијата по прегледувањето на ВАР снимките реши да го поништи.

Солскјер по мечот изјави дека е разочаран од однесувањето на Кореецот, посочувајќи дека да бил негов син ќе го оставел „без вечера“. Мурињо ова го сфати сериозно и изјави дека Сон е среќен што има подобар татко од Оле и дека како татко „секогаш треба да ги нахраниш своите деца без разлика на се“.

20-годишниот Ноа Солскјер, кој игра како фудбалер од средниот ред во норвешкиот Кристијансунд во интервју за локалниот весник „Тиденс Крав“, се смееше на инцидентот.

„Многу се смеев во неделата. Секогаш добивам храна, можам да ги уверам сите во тоа. Соиграчот Макс Вилијамсен денеска пред тренинг ме праша дали ми дадоа јадење. Но, никогаш не сум паднал како Сон. Мурињо сакаше да го тргне фокусот од поразот“, изјави Ноа.

topsport.mk/fudbal/verbalna-vojna-na-murinjo-i-solskjer-za-son-i-vecherata/

Scroll to Top