Top Sport

Некој е олимписки херој, некој е олимписки „кретен“

На Олимписките игри, многу спортисти осигурваат нивното име да биде запишано во историјата, дали со неверојатните успеси, со спортското однесување или со емоциите кои ги покажуваат на спортските терени. Францускиот маратонец  Морхад Амдуни ќе биде запаметен како „кретен“.

Маратонската трка во Сапоро беше одбележана со високи температури и тешки услови за сите маратонци, така што освежувањето беше многу потребно. Но, Амдуни во 28. километар од трката, наместо да земе шише вода како сите пред него, реши да ги истурка сите шишиња за тие зад него да не можат да се освежат.

Којзнае дали 17. место во маратонската трка беше доволна „награда“ за ова.

Scroll to Top