Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да се пласира во финалето на Сребрената Европска лига, откако во тежок меч со 3:2 во сетови (21:25, 22:25, 25:21, 25:20, 15:10) загубија од Хрватска.
Момците беа на чекор до финалето откако ги освоија првите два сета, но потоа дозволија Хрватите да се вратат во игра и да израмнат, по што во одлучувачкиот сет, Хрватска беше убедливо подобра.
Македонија утре ќе игра за третото место од 16 часот.