Данил Медеведев ја продолжи неверојатната серија на победи. Рускиот тенисер го освои Мастерсот во Шангај и заработи 1,3 милиони долари. Медведев го одигра шестиот финале во низа и ја освои третата титула. Во Шангај тој ја освои својата втора Мастер титула, откако претходно победи и во Синсинати.
Данил Медеведев во финишот на сезоната се наоѓа во најдобра форма од сите тенисери и со право се смета за најголем фаворит за освојување на титулите на преостанатите два големи турнири, Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс.
Во финалето во Шангај, Медведев, го победи Александар Зверев со 6/4, 6/1.
Медведев не одигра перфектен меч, но максимално ги искористи грешките на противникот, кои на овој меч ги имаше премногу.
Медведев отвори со брејк на самиот почеток, меѓутоа Зверев успеа да се врати и да израмни на 3:3, а решавачкиот момент се случи во деветтиот гем кога Зверев со две дупли сервис грешки по го подари сетот на Медведев.
Во вториот сет Русинот со два брејка експресно стигна до 5:0, а единствено што успеа да направи Зверев е да не го загуби сетот со нула.