Top Sport

Нема ништо од боксерскиот спектакл Фјури – Усик

Пропаднаа преговорите за борба за неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик. Оваа вест денеска за „Скај“ беше потврдена од промоторот на Усик, Александар Красик.

Борбата меѓу шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО верзијатам Олександр Усик и шампионот на ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, требаше да се одржи на 29 април на „Вембли“ во Лондон.

Во текот на преговорите Фјури барал парите од борбата да бидат поделени 70-30 во негова корист, на што Усик се согласил, но само доколку Британецот донира милион фунти за помош на Украина.

Сепак, двете страни не успеаја да се договорат, а промоторот на Усик потврди дека преговорите пропаднале.

Усик и неговите соработници наводно го затвориле тренинг кампот и се подготвуваат за следниот противник.

Усик сега ќе мора да ги брани титулите против задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.

ВБА неодамна објави дека Усик мора да започне преговори со Дубоа за одбрана на појасот доколку до 1 април не покаже потпишани договори за борбата со Фјури.

Scroll to Top