Top Sport

Никола Ѓоргиев најдобар поединец во шампионското славје на Љубљана

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев стигна до шампионската титула во Словенија, откако со тимот на Љубљана славеше со максимални 3:0 во победи финалето од плеј-офот против Калцит. Тимот на Љубљана направи голем подвиг откако го освои шампионскиот пехар без ниту еден пораз, прво вакво постигнување во историјата на одбојкарката во Словенија.

Третиот натпревар Љубљана го доби со 3:0 во сетови (25:18, 25:20, 25:21), а македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев беше најдобар поединец на теренот со 18 поени.

Тој неодамна ја продолжи соработката со клубот и следната сезона исто така ќе настапува во дресот на Љубљана.

Scroll to Top