Top Sport

Нисканен прв пред Бољшунов и Клебо на 15 километри

Седмиот ден на Зимските олимписки игри во Пекинг, го донесе првиот златен медал за Финска. Иво Нисканен победи на трката на 15 километри со класичен стил.

Настапот на Нисканен беше доминантен во однос на конкурентите. До третиот златен олимписки медал во кариерата, дојде со време 37:54.8 минути. Нискане во Сочи во 2014 година, го освои златото во тимскиот спринт, а во Пјонгчанг пред четири години победи на трката на 50 километри.

Ова е втор медал за семејството Нисканен во Пекинг. Вчера, Керту Нисканен, го освои среброто во женската трка на 10 километри.

Второто место му припадна на Александар Бољшунов. Зад победникот тој задоцни за 23 секунди.

Норвежанецот Јоханес Клебо заврши на третото место. За Клебо ова е втор медал во Пеникг, претходно победи во спринт трката.

 

Scroll to Top