Top Sport

Валиeва може да се натпреварува на ЗОИ

Укината е суспензијата која и беше изречена на Камила Валиева. Руската тинејџерка ќе може да продолжи да се натпреварува на Зимските олимписки игри.

Валиева, имаше позитивен тест на лекот за срце, триметазидин. Веднаш беше суспендирана, но само ден подоцна оваа одлука е поништена.

Претходно, Валиева го предводеше рускиот тим, до златниот медал во екипна конкуренција. Тинејџерката влезе во историјата, како прва натпреварувачка која изведе четирикратен скок.

„Валиева вложи жалба на привремената суспензија на 9.февруари. Руската анти-допинг агенција (РУСАДА), реши да ја укине суспензијата и да и дозволи на Валиева да продолжи да се натпреварува. Причината за оваа одлука ќе биде соопштена во најкус можен рок“, се наведува во соопштението на Меѓународната агенција за тестирање.

Интернационалниот олимписки комитет, објави дека ќе се жали на одлуката на РУСАДА. Конечниот збор ќе го има Судот за спортска арбитража.

Scroll to Top