Стартот на сезоната на земја за Марија Шарапова не помина најдобро откако таа загуби во три сета од Французинката Каролине Гарсија во првото коло на Порше ГП турнирот во Штутгарт.
Гарсија се врати по тесниот трет сет за да победи со 3:6/7:6(4)/6:4 во меч кој траеше 2 часа и 44 минути за нејзина прва победа над поранешната светска тенисерка број 1 во петтиот обид.
„Беше многу тесно и знаев дека таа ќе се бори до крајот на мечот“, вели шестата носителка Гарсија, која спаси две меч-топки во вториот сет.
Шарапова, која лани се врати на тенисот по 15-месечната допинг-суспензија на истиот турнир, на кој главен спонзор е нејзиниот личен спонзор „Порше“, го освои лесно првиот сет, но 31-годишната ветеранка не успеа да се спаси од четврти пораз во низа.
Петкратната гренд слем шампионка ќе испадне од топ 50 само вторпат во својата кариера, откако нема победа од второто коло на Австралија опен, каде што ги победи Татјана Марија и Анастасија Севастова пред да загуби од Анџелике Кербер.