Французинот Клемен Ноел има фантастичен старт на 2019 година, откако по првиот освоен подиум минатата недела на слаломот во Аделбоден, денеска на славната патека во Венген, Швајцарија стигна до својата прва победа во кариерата, оставајќи го австриското дуо Мануел Фелер и Марсел Хиршер зад него.
21-годишниот Ноел водеше со 0.47 секунди пред Фелер по првото возење, додека апсолутниот доминатор во дисциплината Хиршер имаше слабо прво возење и заостануваше речиси секунда. Во второто возење, Австријците го кренаа нивот и изгледаше дека ќе стигнат до седма победа во низа во слалом, но на крајот Ноел победи за одлични 0.08 секунди.