Американскиот спорт е во нов педофилски скандал, откако по гимнастиката, уметничкто лизгање, пливањето, постојат сериозни обвинувања за сексуална злоупотреба од тренерите во американскиот хокеј.
Претседателот на Американската хокеарска федерација, Џим Смит е под истрага дека ги заташкувал случаите за сексуална злоупотреба во Аматерската хокеарска асоцијација на Илионоис (АХАИ). Долгогодишниот тренер на АХАИ, Том Адратас е обвинет дека во 1980-тите злоупотребувал млади хокеари додека Смит бил претседател на АХАИ.
Ова е последен во низата на скандали во американскиот јуниорски спорт.
Сè започна со американската репрезентација во гимнастика, откако олимписките и светските шампионки проговорија за злоупотребата од страна на тимскиот доктор Лери Насар. Олимписката шампионка Мекајла Мароуни беше првата која проговори и која ја обвини федерацијата дека била свесна за обвинувањата, по што се јавија повеќето членки на првиот тим, вклучувајќи ја и Сајмон Бајлс. Насар доби 175 години затвор.
Следниот спорт беше уметничкото лизгање, откако беше обвинет Џон Кохлин, поранешниот шампион во двојки за сексуална злоупотреба. По неговата суспензија, тој се самоуби на 33 годишна возраст.
Минатата година пак, Американската пливачка федерација исто така истражуваше повеќе случаи на сексуална злоупотреба на повеќе тренери.