Top Sport

Нов светски рекорд во скок со стап (Видео)

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап. На митингот во сал, во Турон, Полска тој прескокна 6,17 метри. Тој за еден сантиметар го подобри претходниот рекорд, од февруари 2014 година, на Французинот Рено Лавилени.

„Ова е нешто што го посакував уште откако имав три години. Ова ќе биде голема година, ова е озвореден начин да ја започнам“, рекол Дуплантис.

Младиот Швеѓанец роден во САД рекордот го постави во шестиот скок.

Дуплантис инаку е актуелен европски првак во скок со стап. На претходното Светско првенство тој го освои сребрениот медал.

Scroll to Top