Top Sport

Вујовиќ: И по 40 години не ги знам ракометните правила

Ракометарите на Загреб загубија од Фленсбург 25:26 во 11 коло во Лигата на шампионите и со овој пораз на теорија ги сведоа шансите за пласман во осмина-финалето.

Тимот што го предводи Веселин Вујовиќ му пружи добар отпор на бундеслигашот, иако Фленсбург ја имаа предноста во текот на целиот натпревар.

Во завршницата Фленсбург имаа и мала предност на судиите од Исланд. Најпрвин им дозволија долг напад во последните две минути, а во финишот не го запреа часовникот кога требаа.

Сето тоа предизвика револт кај Вујовиќ.

„По 40 години јас и понатаму не ги знам ракометните правила како што ги знаат господата од Исланд. Се надевам дека некој одговорен ќе знае да го процени ова. Нека ми објаснат како во последните 30 секунди најпрвин судат седмерец на центарот, а потоа не го запираат часовникот во последните десет секунди. Дрско. Нека објаснат зошто, а не да зборуваат како се однесува Вујовиќ“, рекол по мечот тренерот на Загреб.

Scroll to Top