Францускиот тенисер Беноа Пер не престанува со скандалите. Моментно 51. светски играч повторно имаше испад, овојпат на АТП турнирот во Хамбург, каде потполно ја загуби контролата.
Во текот на паузата меѓу два гема на дуелот со аргентинскиот тенисер Федерико Делбонис, Пер револтиран, веројатно од неговиот настап, фрли шише со сок на теренот.
Делбонис го доби мечот во своја корист, со 2:1 (6:4, 6:7, 6:4) и се пласираше во полуфиналето каде денеска ќе игра против Пабло Карењо Буста.
Benoit Paire gets a warning for creating a puddle. pic.twitter.com/fnMFzyHRBb
— Tennis GIFs ?? (@tennis_gifs) July 16, 2021