Брилијантната Микаела Шифрин забележа нова победа во Светскиот куп. Американката, 85. победа во кариерата ја забележа во Шпиндерлув Млин во Чешка.
По двете слаломски трки, Шифрин победи со вкупно време 1:33.85 минути. Германката Лена Дуер беше на второто место со заостанување од 0,60 секунди, додека третото место на подиумот и припадна на Швајцарката Венди Холденер, со вкупно време од 1:35.16.
Словенката Ана Буцик беше десетта, Неја Дворник го зазеде 17. место, а второпласираната Зринка Љтиќ на 29. место.
Во поредокот за слалом Шифрин е на првото место со 705 бодови, Холденер има 530, а Влхова е трета со 510.
Во генералниот пласман Шифрин има 1.617 поени, дури 617 повеќе од второпласираната Влхова и 711 повеќе од Лара Гут-Бехрами.
Конечни резултати од трката: