Италијанскиот 19-годишник, Јаник Синер е првиот финалист од Мастерсот во Мајами, откако се врати од сет-негатива за 5:7/6:4/6:4 победа над шпанскиот ветеран Роберто Баутиста Агут.
Ова е прво Мастерс 1000 финале за младиот тенисер кој го добил името по еден друг славен тениски шампион (Јаник Ноа), а со неговите 19 години и 7 месеци, тој е најмладиот финалист на Мастерс турнир по Рафа Надал во Мадрид во 2005 година.
Во второто полуфинале подоцна играат рускиот фаворит Андреј Рубљов и полското изненадување Хуберт Хуркач.