Новак Ѓоковиќ ја освои својата 17. гренд слем титула со триумфот со пресврт над Доминик Тим во финалето на Австралија опен во Мелбурн, по што во изјавата по мечот зборуваше за некои поважни работи од тенисот, потсетувајќи на трагичната смрт на Коби Брајант и на пожарите кои ја опустошија Австралија.
„Се случија некои очајни работи на почетокот на 2020. Големи пожари во Австралија, конфликти во сите делови од светеот, луѓе кои умираат секој ден, и една личност која ја сметав многу блиска, која ми беше како ментор, загина со неговата ќерка. Би сакал да кажам дека ова е потсетување дека сите треба да се држиме заедно, да бидеме со своите семејства и со луѓето кои се грижат за нас. Секако, ова е професионален спорт, се натпреваруваме еден со друг, но има и поважни работи во светот и треба да се остане скромен поради тоа“, изјави Ѓоковиќ.
"This is a reminder to all of us that we should stick together more than ever."
Words of wisdom from eight-time #AusOpen champion, @DjokerNole. #AO2020 pic.twitter.com/b2yrSfW6IG
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 2, 2020