УФЦ легендата, Хабиб Нурмагомедов смета дека наскоро тој може да не биде најславниот човек од Дагестан, откако малиот Хазбула Магомедов во 2021 година доби многу приврзаници од целиот свет.
Магомедов, кој за многумина е познат само како Хазбула или Хазбик, стана хит на социјалните мрежи со видеото во кое го предизвикува Узбекистанецот Абду Розик. Хазбула има 19 години, има пореметување на растот, и е голем фан на ММА борбите. Тој беше гостин на УФЦ 267 во Абу Даби по покана на Дејна Вајт, а исто така е и близок пријател на Хабиб.
„Искрено, јас не сакам да бидам организатор на мечот на Хазбула, бидејќи не ја поддржувам идејата за меч. Двајцата се доволно славни и можат да направат нешто повеќе ако станат пријатели. Ако можам да помогнам, тогаш ќе ги направам пријатели, а потоа може да одат на некој добротворен меч. Има доволно луѓе кои се тепаат низ светот, мирот секогаш е подобар од војната. Но, Хазбула мора да оди во САД, бидејќи сите големи спортски ѕвезди го знаат и таму ќе стане популарен. Можеби ќе стане милијардер, а сигурно ќе стане милионер“, вели Нурмагомедов.
Логан Пол: Хазбула е најголемиот фајтер на нашата генерација
Невкусно и неморално? Во Русија најава за ММА борба на фајтери со генетско пореметување