Top Sport

Нурмагомедов: Мекгрегор ме молеше да не го убијам, а сега сака реванш?

Хабиб Нурмагомедов нема намера да му овозможи реванш на својот најголем ривал Конор Мекгрегор. УФЦ ја започна промоцијата за мечот кој ќе се одржи на 7 септември помеѓу Нурмагомедов и Дастин Поаире, а Дагестанецот морал да одговара и на прашања поврзани со Мекгрегор.

Во октомври минатата година Нурмагомедов го победи Мегрегор, а по мечот настана вистински хаос. Хабиб дури се упати и кон публиката за да се пресмета со тренерите на Ирецот.

ММА, поради инцидентите ги суспендираше и парично ги казни Нурмагомедов и Мекгрегор.

Борецот од Дагестан на промоцијата за мечот со Поаире јасно порачал дека повеќе нема намера да се бори со ривалот од Ирска.

„Во последните три години тој имаше само еден аматерски меч и нема ниту една победа. Со што тој заслужил да добие реванш? Удираше по подот и ме молеше да не го убијам, а сега сака реванш“, рекол Нурмагомедов и дополнил.

„Редот му е сега на Тони Фергусон. Мене ме интересираат само луѓе што имаат победнички серии. Не ме интересира тип што три години не може никого да победи“.

Scroll to Top