Top Sport

О’Саливен: Двајца се најдобри во историјата на спортот

Легендарниот Рони О’Саливен за многумина е најдобриот снукер играч во историјата. На Отвореното првенство на Северна Ирска, тој одговорил на прашањето, кој е најдобриот во историјата на светскиот спорт.

„Можам да одберам двајца? Ќе кажам дека тоа се Мохамед Али и Ајртон Сена. Тие се моите омилени спортисти“, рекол О’Саливен.

Рони О’Саливен се надева дека конечно ќе ја освои првата титула на Отвореното првенство на Северна Ирска. Досега три пати губел во финалето од Џад Трамп.

Scroll to Top