Top Sport

О’Саливен во ново финале на УК шампионатот (видео)

Рони О’Саливен е на една победа од израмнувањето на рекордот на Стив Дејвис од шест титули од УК шампионатот, откако го издржа притисокот од Стивен Мегвајр за 6:4 победа во полуфиналето во „Барбикан“ во Јорк.

О’Саливен првпат триумфираше на турнирот во 1993 година на само 17 години, и сега, четврт век подоцна, тој втора година едноподруго игра во финалето, откако лани загуби со 10:7 од Марк Селби.

Против Мегвајр, О’Саливен изгледаше дека го очекува лесна победа, откако поведе со 4:0 со брејкови од 61, 54 и 64, но шампионот од 2004 се врати на 5:4 со одлични партии со брејкови од 91, 51 и 129. Сепак, О’Саливен го сопре „походот“ на стариот ривал откако тој поведе со 5:2 во десеттиот фрејм, за да направи серија од 111 за победа.

„Тој доаѓаше моќно по мене и знаев дека игра добро. Морав да бидам многу подобар за да го победам“, изјави О’Саливен.

Во финалето, „Ракетата“ ќе игра со Шон Марфи или Рајан Деј, кои своето финале го почнуваат вечерва во 20 часот.


Scroll to Top