Top Sport

Обрад Марковски успешен на стартот од квалификациите на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Обрад Марковски со победа ги почна квалификациите на челeнџер 75 турнирот „Macedonian Open 2023“. Тој во мечот од првото коло од квалификациите го совлада Евгениј Карловски од Русија со 2:0 во сетови (6:2, 6:1). Мечот траше еден час и девет минути, а утре во финалето од квалификациите ќе игра против Карол Дрзвиецки од Полска, кој беше подобар од македонскиот тенисер Бесир Дургути со 2:0 во сетови (6:2, 6:1) за 55 минути.

Марковски оствари шест брејка од девет можности и доминираше на мечот со Карловски.

Покрај Дургути, турнирот во квалификациите веќе го заврши и Берг Бугариќ. Тој загуби од Унгарецот Мате Валкуж со 2:0 во сетови (6:4, 6:1).
Од македонските тенисери во првото коло во квалификациите ќе настапи и Горазд Србљак, кој за противник го има Дује Ајкуковиќ од Хрватска.

На главниот турнир ќе игра најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски.

 

Scroll to Top