Top Sport

Одбојкар пронајден мртов под урнатините во Малатија

Повеќе од 9.000 жртви има досега во Турција по катастрофалниот земјотрес што го погоди југоисточниот дел на земјата, како и Сирија. Спасувачите си понатаму трагаат и ги бараат луѓето заглавени под урнатините, а за жал, има и трагични информации.

Во Малатија е пронајдено е безживотното тело на 27-годишниот одбојкар Еминчам Кочабаш. Веста за неговата смрт ја потврди клубот Ескишехирспор на социјалните мрежи.

„Со огромна тага ја примивме веста дека нашиот одбојкар Еминчан Кочабаш го изгуби животот во потресите во Малатија. Нему и на неговото семејство му посакуваме Божја милост“, стои во објавата на клубот.

Scroll to Top