Машката одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе пораз и во вториот натпревар на Медитеранските Игри во Оран. Нашите одбојкари немаа големи шанси и доживеаја убедлив пораз од селекцијата на Италија. „Аѕурите“ славеа со 3:0 во сетови (25:19, 25:16, 25:23).
Италија во првите два сета покажа доминација и македонските одбојкари немаа многу можности да стигнат до неизвесност.
Третиот сет Македонија го почна добро, имаше и предност во одреден дел, но на крајот сепак Италијанците го комплетираа мечот со триумф.