Бранителките на шампионската круна, одбојкарките на Работнички Скопје, ја совладаа екипата на Јанта Волеј со 3:0 во сетови (25:19, 25:20, 25:21) и поведоа со 1-0 во финалето од разигрувањето во Првата македонска лига.
Домаќинките беа подобри и имаа контрола на резултатот во текот на целиот меч. Откако го добија првиот сет со 25:19, во останатите два сета им дозволија само по еден поен повеќе од претходниот сет на своите ривалки.
Вториот натпревар од серијата е в понеделник од 19 часот во Кисела вода на теренот на Јанта волеј.