Top Sport

Алкараз и Циципас се пласираа во полуфиналето во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако во два сета го совлада сонародникот Алехандро Давидовиќ Фокина со 7:6, 6:4.

Вториот тенисер во светот стигна до победа по два часа и 13 минути игра.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Британецот Даниел Еванс и Аргентинецот Франциско Серундол.

Пласман во полуфиналето обезбеди и грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој со 6:4, 6:2 беше подобар од Австралиецот Алекс де Минор. Циципас го контролираше мечот кој траеше еден час и 21 минута и на крајот го подобри меѓусебниот резултат против Де Минор на 9:0.

Циципас во полуфиналето ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети, кому мечот му го предаде сонародникот Јаник Синер.

Scroll to Top