Светското првенство во одбојка ќе се одржи во Полска и Словенија. Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), деновиве треба да потври одлуката дека овие две земји ќе го организиарата мундијалот наместо Русија.
Челниците на националните сојузи на двете земји, истакнале дека во Полска ќе се одигра завршницата (два осминафинални натпревари, два четвртфинални натпревари, полуфиналните натпревари, натпреварот за третото место и финалето).
ФИВБ допрва треба да одреди колку групи ќе се играат во Словенија. Исто така ФИВБ дополнително ќе соопшти кога ќе започне одбојкарскиот мундијал.