Top Sport

Одермат најдобар на велеслаломот во Алта Бадија

Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник на велеслаломот во Алта Бадија. Тој ја мина патеката за време од 2:38.27 минути и ја оствари четвртата победа сезонава.

Второто место го освои Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со заостанување од 20 стотинки, а на третата позиција заврши Жан Крањец од Словенија со 0,92 секунди послаб резултат.


Одермат е прв во генералниот поредок на Светскиот Куп со 796 бода, пред Норвежанецот Александар Омот Килде, кој има 525 бода. Во поредокот за велеслалом, Одермат е прв со 360 бодови, Кристоферсен има 265, а Крањец е на третото место со 245 бодови.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');