Претседателот на Русија Владимир Путин рекол дека политичка е одлуката на руските спортисти да им биде забрането да се натпреваруваат на сите меѓународни натпреварувања до 2023 година.
Светската анти-допинг агенција (ВАДА), во понеделникот, ги суспендираше спортистите од Русија поради малверзациите со лабораториските податоци. Поради тоа руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат под државното знаме на Олимписките игри во Токио наредното лето, на зимските Игри во Пекинг во 2022 година, односно на Светското првенство во фудбал во Катар.
„Јас мислам, а знам и дека многумина ќе се согласат со ова, дека секоја казна уше од Римското право треба да биде индивидуална и да согласна со она што го направила таа особа. Казната не може да биде колективна и не може да влијае врз луѓето кои не направиле прекршок“, изјавил Путин за агенцијата „Ројтерс“.
Русија има 21 ден да ја обжали одлуката на ВАДА пред Судот за спортска арбитража во Лозана.
„Мислам дека ова што го кажувам стручњаците од ВАДА добро го разбираат. Доколку некој од нив носи одлуки за колективно казнување, мислам дека тогаш темел на таквата одлука не е грижата за меѓународниот спорт, туку дека таа одлука е политичка и едноставно нема никаква врска со интересите на спортот или на олимпиското движење“, рекол рускиот претседател.