Top Sport

Гландорф стави крај на кариерата

Холгер Гландорф (37) ја потврди одлуката дека става крај на кариерата. Во пензија десниот бек заминува како четврти стрелец во историјата на Бундеслигата со 2.406 постигнати голови. Прв е на вечната листа доколку се сметаат само головите постигнати од игра.

„Секако дека сакав последниот меч да го одиграм во нашата сала пред полни трибини. За жал ситуацијата е таква“, рекол Гландорф.

Холгер Гландорф 19 годишната кариера ја започнал во Норхорн, по осум сезони се пресели во Лемго, а играч на Фленсбург е од 2011 година.

Лани со Фленсбург стана шампион во Бундеслигата, во 2014 година ја освои Лигата на шампионите, а во во 2007 година беше дел од репрезентацијата на Германија која ја освои светската титула.

Фленсбург на местото на Гландорф го донесоа Франц Семпер од Лајпциг, додека најголемото засилување за новата сезона ќе биде Мадс Менсах ларесн од Рајн Некар.

Scroll to Top