Top Sport

ОК Струмица Никоб загуби во три сета на гостувањето во Холандија

Одбојкарите на Струмица Никоб доживеаја максимален пораз од 3:0 во сетови од Драисма Динамо Апелдорн на гостувањето во Холандија, во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во квалификациите за Лигата на шампионите. Без руските засилувања, тимот на Струмица немаше доволно сили и квалитет да му се спротистави на домаќинот.

Првиот сет Холанѓаните го добија со 25:20, а во вториот буквално го скршија отпорот на Струмица добивајќи го со 25:13. Во третиот сет продолжи доминацијата на домашниот состав кој славеше со 25:16.

Реваншот е за седум дена во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');