Top Sport

Јувентус го загуби Ди Марија за дербито со Милан

Играчот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија ќе го пропушти дербито против Милан на „Сан Сиро“ на 8 октомври. Аргентинецот е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон што го доби против Монца. Тоа значи дека тој нема да му биде на располагање на Масимилијано Алегри за средбите со Болоња и со Милан.

Ди Марија намерно го удри со лакот дефанзивецот Армандо Изо во поразот од Монца.

Санкција доби и тренерот на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот нема да го води својот тим на дербито против Интер и ќе мора да го следи натпреварот од трибините на „Џузепе Меаца“.

Scroll to Top