Олимписката победничка во ритмичка гимнастика, 22-годишната Израелка Линој Ашрам, објави дека става крај на кариерата и дека ќе се занимава со тренерска работа.
Ашрам стана првата Израелка кој освоила златен медал во повеќебој на Олимписките игри во Токио минатата година, со што ја прекина 20-годишната руска доминација во овој спорт.
„Знам дека ова патување вредеше затоа што на мојата визит-карта пишува „олимписки победник“, изјави Ашрам на прес-конференција. „Спортистот треба да знае кога да се пензионира. Го остварив мојот сон. Ќе продолжам, но од другата страна, како тренер на млади гимнастичари кои допрва сакаат да го остварат својот сон”, додаде таа.
Ашрам освои шест сребрени и пет бронзени медали на Светските првенства 2017, 2018 и 2019 година и два златни и еден бронзен медал на Светскиот куп минатата година. Таа, исто така, освои злато во повеќебој на Европското првенство во 2020 година.